Шок во Индијан Велс: Петтиот тенисер во светот го заврши настапот!

4468

Рускиот тенисер Андреј Рубљев, инаку петти играч во светот, отпадна од Мастерсот во Индијан Велс откако беше поразен од Чехот Јиржи Лехечка со резултат 6:4, 6:4.

Лехечка со тоа стана првиот Чех по 2013 година кој успеал да победи играч од ТОП 5, а следен ривал му е Гркот Стефанос Циципас.

Статистиката вели дека Лехечка бил одличен, односно имал минимален број на грешки. Одличен на сервис, исто така од основната линија, не му дозволи на Русинот да дојде до брејк точка.

Од друга страна, Лехечка го зеде сервисот на својот ривал на стартот од првиот сет и поведе со 2:0. Потоа во деветтиот геjм имаше сет топка на сервис на Рубљов, а во следниот геjм сервираше за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет и Лехечка на стартот направи брејк и поведе со 3:1. Не му дозволи на Рубљов да му се заканува на сервисот и недолго потоа ја искористи првата меч топка.

Пласман во осминафиналето обезбеди Јаник Синер кој во 74 минута победи против Јан Ленарт – Штруф (6:3, 6:4).

ПретходноСтрашна повреда на „Новиот Јокиќ“, со количка беше изнесен од теренот (ВИДЕО)
СледноАлкалраз тргна убедливо, па испрати порака до Ѓоковиќ