Ждрепката за новата сезона на Лигата на шампиони ќе се одвива компјутерски

224

Ждрепката во Лигата на шампионите ќе се промени од следната сезона.

Откако стана јасно дека од сезоната 2024/25 форматот ќе се промени форматот на натпреварувањето, сега стигна уште една промена. Бројот на учесници во главната фаза на ЛШ од оваа есен ќе се зголеми на 36, а наместо традиционалната групна фаза ќе се користи лига систем во кој секој клуб ќе одигра 8 натпревари против различни противници.

Во оваа насока, промени ќе има во постапката на ждрепката, па за нејзино спроведување ќе се користат компјутери. Симулациите покажаа дека за рачно извлекување во новиот формат би биле потребни три до четири часа и потребни се 900 топчиња.

Наместо тоа, ќе се користи нов хибриден метод – рачно ќе се извлекуваат топки со имињата на клубовите, а компјутерот ќе избира противници за извлечените тимови. Во оваа форма, ждрепката ќе трае 35 минути – исто како и сега. 

Англиска ИТ компанија развива софтвер преку кој ќе се спроведува дигиталниот дел од постапката. 

ПретходноНБА шампион ја заврши кариерата на 31 година
СледноДе Лаурентис во војна со медиумите: Газдата на Наполи направи инцидент пред денешниот меч од ЛШ