ЛШ: Барса и Наполи почнуваат од „нула“, Арсенал по првото 1/4 финале по 2010 година

417

Вечерва ќе добиеме уште два патника во четвртфиналето на Лигата на шампионите. На ПСЖ, Баерн, Реал и Манчестер Сити ќе му се приклучат Арсенал или Порто односно Барселона или Наполи.
Барселона и Наполи почнуваат од „нула“ бидејќи првиот дуел во Италија заврши 1:1. „Каталонците“ веќе четири години чекаат на пласман во четвртфиналето на ЛШ, а Чави има проблеми во редот за врска бидејќи не може да смета на повредените Гави и Педро, а нивното место би требало да го пополнат стоперот Андреас Кристенсен и бекот Жоао Кансело.
Наполи нема ниту еден повреден играч и шампионот на Италија доаѓа на „Ноу Камп“ со големо очекувања, бидејќи заостанува многу во трката по титулата во Серија А, па фокусот е ставен на ова натпреварување.

МОЖНИ СОСТАВИ
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген – Кунде, Араухо, Кубарси, Мартинез – Кансело, Кристенсен, Гундоган – Јамал, Левандовски и Рафиња
НАПОЛИ: Мерет – Ди Лоренцо, Остигард, Жесус, Мазоки – Ангуиса, Лоботка, Траоре – Политано, Осимен, Кваратцкелија

Арсенал ќе игра со Порто. „Топчиите“ се лидери во Премиер лигата и во последните девет натпревари има дури осум победи, а единствениот пораз му го нанесе Порто во првиот меч од осминафиналето. Пред седум дека Португалците славеа со 1:0.
Порто има одлична серија и не знае за пораз од 12 февруари, но ќе биде тешка задачата за избраниците на Серџо Консеисао бидејќи Арсенал на домашен терен делува страшно и моќно.
Арсенал чека на пласман во четвртфинале од 2009/10.

ПретходноИма на сметка 200 милиони фунти, не плаќа ништо, дури и се храни бесплатно и живее како крал!
СледноСелта го отпушти Рафаел Бенитез