Третиот пик на НБА драфтот од 2013 година, Ото Портер одлучи да ја заврши професионалната кошаркарска кариера, објави НБА лигата. На 31 година тој се повлекува.
„Имав шанса да играм во НБА лигата 11 години. Врвот беше освојување на НБА титулата. За жал, телото не ми дозволува да играм на ниво на кое сакам и затоа одлучив да се повлечам“, изјави Портер.
Во текот на кариерата Портер играше за Вашингтон, Чикаго, Орландо, Голден Стејт, Торонто и Јута. Со Вориорс ја освои титулата во 2012 година.
BREAKING: Otto Porter Jr. is retiring, per @ChrisBHaynes pic.twitter.com/wHIkExWSFH
— Legion Hoops (@LegionHoops) March 12, 2024