Потврда на класата: Начевски и Николов ќе судат мечеви од квалификациите за ОИ!

255

Една од најдобрите ако не и најдобра ракометна судиска двојка во светот, нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов уште еднаш добија потврда за својата класа.

Имено македонските судии се делегирани да судат на натпревари од квалификациите за Олимписките игри во Париз. Начевски и Николов ќе ја делат правдата на најсилниот турнир кој ќе се одржи во Татабања (Унгарија) на кој за олимписка виза ќе се борат селекциите на Унгарија, Норвешка, Португалија и Тунис.

Турнирот стартува на 14 март.

ПретходноПМФЛ: Ќе “врие“ на Маџари во сабота, нов дуел Вардар – Шкендија, само Работнички – Струга ТЛ се игра во недела!
СледноНема да има нови имиња: Лазаров со 17 ракометари на двомечот со Романија!