Сензационалниот германски третолигаш Сарбрикен, малку на среќа, малку со упорност ја совлада Борусија Менхенгладбах во последното четвртфинале на Купот на Германија со 2:1 и обезбеди полуфиналето по петтипат во клупската историја.
По елиминациите на Карлсруе, Баерн (М) и Ајнтрахт Франкфурт, Амине Наифи (11.) и Каи Брункер (90.+ 3) обезбедија уште една сензација за Сарбрикенкои го повторија успехот од 2020 година кога исто така стигнаа до полуфиналето, но тогаш како тим од регионалната лига.
На 2 април Сарбрикен ќе се обиде да направи уште едно изненадување против второлигашот Кајзерслаутерн и да обезбеди историско финале.
🇩🇪 Goal: Kai Brünker | Saarbrücken 2-1 Mönchengladbach pic.twitter.com/TZzqXv1ieb
— FootColic ⚽️ (@FootColic) March 12, 2024