Баерн нема да се жали на казната од УЕФА и ќе оди без навивачи на четвртфиналното гостување во ЛШ

555

Баерн Минхен ќе биде без свои навивачи на гостувањето во четвртфиналето на Лигата на шампионите, бидејќи клубот од Бундеслигата соопшти дека нема да се жали на забраната која ја доби од УЕФА.

Казната дојде откако навивачите на Баерн повторно користеа пиротехнички средства оваа сезона во првиот осминафинален натпревар на гости со италијански Лацио.

„Мораме да ја прифатиме оваа казна“, изјави извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дрисен во клупското соопштение.

„Не само што беа тргнати пиротехничките средства, туку беа и намерно поставени, загрозувајќи го здравјето на другите гледачи на стадионот. Ова беше толку јасно прекршување на условите на условната казна што жалбата е за жал бесмислена“, велат од клубот.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Тросар го врати Арсенал во игра, Барса води против Наполи (ВИДЕО)
СледноКобајаши победи во Трондхајм и остана во трка за шампионската титула