Де Лаурентис во војна со медиумите: Газдата на Наполи направи инцидент пред денешниот меч од ЛШ

196

Во очекување на вечерашното реванш осминафинале во ЛШ меѓу Барселона и Наполи, се кренаа тензиите во италијанскиот тим. Причина овој пат е сопственикот на клубот, Аурелио де Лаурентис и неговите војни со италијанските медиуми.

Скандалозната сцена имаше денеска за време на тренингот на Наполи, кога Де Лаурентис нападна снимател на италијанската телевизија „Скај Спорт“.

Во моментот кога играчите на Наполи тренираа фудбалерот Матео Политано даваше изјава, а на теренот налутен истрча Де Лаурентис, кој го одвлече Политано, велејќи му дека нема дозвола да зборува за „Скај“.

Потоа влегол во расправија со дел од персоналот во близина на теренот и најверојатно со членовите на екипата на телевизијата, па сето тоа завршило со напад на Де Лаурентис врз камерманот, кој го оттурнал, а овој успеал да остане на нозе и спречи паѓање на камерата и веројатно голема финансиска штета.

Сигурно дека првиот човек на Наполи веќе направи голема штета на својот имиџ и имиџот на клубот.

Контроверзниот сопственик на клубот ги забрани и прес-конференциите, освен задолжителните во Лигата на шампионите, а во сила е и забрана за давање изјави за ДАЗН, кој ги пренесува сите натпревари во Серија А.

ПретходноЖдрепката за новата сезона на Лигата на шампиони ќе се одвива компјутерски
СледноШалке ќе се раздели со 15 фудбалери летоска, меѓу нив e и Чурлинов