Ентони Џошуа е пример за тоа како големите спортисти, само ако се паметни, знаат својата слава и, пред се, своите успеси да ги „уновчат“. Еден од најдобрите боксери на светот покажува како треба.
Имено тој на сметка има 200 милиони фунти, но не успева да троши ништо од тие тепко заработени пари. Дури и јаде бесплатно, патува без пари, се облекува бесплатно и живее како крал.
Џошуа има безброј спонзори кои се грижат за него,тој ги рекламира а тие му обезбедуваат се што му треба, најчесто дополнителни финансиски средства. И тој ужива во својот луксузен живот.
“Кога ќе го видите ќе си помислите дека Ентони се расфрла со парите. Лета со приватни авиони, има десетици скапоцени часовници, има голем број луксузни автомобили, се храни во најлуксузни ресторани. Но не е така, тој води таков живот благодарение на неговите спонзорите“ вели неговиот менаџер.