ЛШ: Барселона потврди четвртфинале, продолженија во Лондон (ВИДЕО)

532

Барселона одигра еден од најдобрите натпревари во оваа 2024 година и сосема заслужено го победи Наполи со 3:1 и обезбеди место меѓу осумте најдобри европски состави во Лигата на шампионите. Вечерва Каталонците пред своја публика не дозволија Наполи да направи изненадување, па по оние 1:1 од првиот меч, момците на Чави ја исполнија задачата.

Со головите на Фермин и Канцело, Барселона направи предност од 2:0 веќе до 17. минута, но Наполи успеа да намали со голот на Рахмани во 30. минута, па со резултат 2:1 се замина на пауза.

Во вториот дел и двата тима почнаа неубедливо, но Каталонците имаа повеќе желба да го решат прашањето со уште еден гол. Тоа им се оствари во 83. минута кога Левандовски по асистенција на Роберто погоди за 3:1. Наполи до крајот имаше уште две прекрасни шанси да намали, но мрежата на Тер Штеген остана мирна.

Арсенал со голот на Тросар во 41. минута славеше во 90. минути во Лондон против Порто, со што само ја анулираше негативата од првиот меч. Дуелот на „Емирати“ оди во продолженија.

ПретходноТретолигаш во полуфинале на германскиот куп: По Баерн и Ајнтрахт ја „средија“ и Борусија (М)
СледноХезоња си оди од Реал, следна дестинација ПАО