ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Тросар го врати Арсенал во игра, Барса води против Наполи (ВИДЕО)

127

Арсенал со голот на Тросар во 41. минута успеа да ја анулира негативата која ја имаше од првиот осминафинален меч со Порто во Лигата на шампионите. „Топчиите“ беа подобар противник во првото полувреме и заслужија водство, иако и Порто имаше неколку шанси од кои можеше да погоди.

 

Барселона на полувреме замина со предност од 2:1 против екипата на Наполи. Еден „блиц-крик“ во период од две минути за домашните донесе предност од 2:0. Фермин Лопез во 15. и Кансело во 17. минута успеаја двапати да го матираат Мерет и да обезбедат голема предност за Каталонците.

Наполи успеа да се соземе, а Рахмани во 30. минута да погоди и да намали на 2:1 со што најавува уште повозбудливо второ полувреме.

ПретходноИниеста: Голема желба ми е да станам тренер на Барселона
СледноБаерн нема да се жали на казната од УЕФА и ќе оди без навивачи на четвртфиналното гостување во ЛШ