НБА шампион ја заврши кариерата на 31 година

227

Третиот пик на НБА драфтот од 2013 година, Ото Портер одлучи да ја заврши професионалната кошаркарска кариера, објави НБА лигата. На 31 година тој се повлекува.
„Имав шанса да играм во НБА лигата 11 години. Врвот беше освојување на НБА титулата. За жал, телото не ми дозволува да играм на ниво на кое сакам и затоа одлучив да се повлечам“, изјави Портер.
Во текот на кариерата Портер играше за Вашингтон, Чикаго, Орландо, Голден Стејт, Торонто и Јута. Со Вориорс ја освои титулата во 2012 година.

ПретходноЛече му врачи отказ на тренерот поради инцидент со напаѓачот на Верона
СледноЖдрепката за новата сезона на Лигата на шампиони ќе се одвива компјутерски