Невиден дебакл на Србинот: Дали е ова почеток на крајот на НАЈГОЛЕМИОТ?!

6282

Светот на тенисот е во шок, фановите на Новак се во шок, посебно на овие простори, да не говориме во неговата Србија. Новак Ѓоковиќ бепе поразен од 123. тенисер во светот во 3.коло на Индијан Велс.

Ова е невиден дебакл за Новак, всушност два. Ова му се нема случено никогаш во кариерата.

Како прво Лука Нарди е првиот „лаки лузер“ кој го победил Новак на еден голем турнир и како второ Италијанецот е најслабо рангиран тенисер кој го совладал Србинот на еден Мастерс или Гренслем турнир.

По ова светот се прашува дали ова е почеток на крајот на Новак? Тој си зацрта за оваа година да ги освои сите четири гренслема и да освои злато на ОИ во Париз.

Тоа е планот кој се знае дека нема да се оствари. Не успеа на АО, младите се повеќе надоаѓаат, не му се плашат, знаат дека има 36 години. Почнаа да играат против него без некој преголем респект.

Новак во последно време и кога победува тоа го прави со потешкотии, а често има и здравствени проблеми.

Да, јасно е дека тој е НАЈГОЛЕМИОТ во историјата на тенисот, јасно е дека посакува уште некој гренслем покрај оние 24, но уште појасно е дека овој Новак не е ни налик на оној што беше некогаш.

ПретходноНикој ништо не им може: Јокиќ и Дончиќ едноставно “газат“ во НБА! Трипл-дабл на двајцата, рекорди…(ВИДЕО)
СледноКК Феникс 2010 има мал „Тони Кукоч“ во Илија Коневски