Нема да има нови имиња: Лазаров со 17 ракометари на двомечот со Романија!

339

И покрај неколкуте оправдани отсуства и тоа поради повреди, селекторот Кирил Лазаров нема да повика нови имиња во репрезентацијата за претстојната ЕХФ недела во која Македонија ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Романија на гости.

Тоа значи дека експедицијата на нашата ракометна селекција ќе ја сочинуваат 17 ракометари, на ваков потег се одлучи нашиот селектор.

Лазаров неочекувано остана и без Филип Кузмановски, еден од нашите најдобри ракометари.

Двете контроли се закажани на 15 и 16 март и тоа во Браила.

Овие средни ќе бидат и тоа како добра подготовка за она што е за нас многу значајно, а тоа е бараж – двомечот со Ф. Острови за пласман на СП 2025 година, кој е закажан за мај.

ПретходноПотврда на класата: Начевски и Николов ќе судат мечеви од квалификациите за ОИ!
Следно“Би сакал конечно Клоп да си оди…“!