Новиот тренер на Барса ќе биде Германец, има тројца кандидати! (ФОТО)

987

Чави Ернандез најави дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Барселона, без разлика дали ќе ја освои ЛШ или не. Па така веќе еден месец се шпекулира кој ќе биде новиот стратег на еден од најголемите клубови во светот.

Во последните неколку денови, барем според медиумите во Каталонија, па и во Шпанија, се потенцира дека новиот тренер ќе биде Германец, а има тројца кандидати.

Тоа се Ханси Флик, кој е прв пик на Хоан Лапорта, а тука се и актуелниот селектор на “панцерите“ Јулиен Нагелсман како и Томас Тухел, кој по завршувањето на сезоната ќе мора да се раздели со Баерн Минхен.

Се наведува уште и тоа дека преговорите со Ханси Флик веќе се започнати.Image

Претходно“Би сакал конечно Клоп да си оди…“!
СледноИма на сметка 200 милиони фунти, не плаќа ништо, дури и се храни бесплатно и живее како крал!