По поразот од Удинезе во понеделникот, тренерот на Лацио, Маурицио Сари поднел оставка од функцијата. Во последно време тимот не игра како што треба, испадна од Лигата на шампионите, далеку е од местата во Европа за следната сезона, па искусниот стручњак одлучил дека е време да си замине.
Се чека реакција од управата на клубот, а се шпекулира за двајца можни наследници. Едниот е Томазо Роки, кој претходно работел во младинскиот тим на Лацио, потоа Анџело Грегучи кој е тренер на У19 тимот на Фросиноне, како и поранешниот напаѓач на оваа екипа Мирослав Клосе. Германецот работеше кратко во австриски Алтах и од тогаш е без клуб.