Селта го отпушти Рафаел Бенитез

218

Шпанскиот прволигаш Селта Виго ќе бара нов тренер откако денеска му врачи отказ на Рафаел Бенитез. Искусниот шпански тренер беше донесен во Виго на почетокот на сезоната, но е отпуштен на 10 меча до крајот на сезоната со тоа што тимот е на два бода над зоната за испаѓање.
Селта на последните пет меча во Ла Лига запиша една победа, па на тимот му е потребен рестарт за да не испадне во Сегунда.
Бенитез во кариерата ги тренираше Ливерпул, Наполи, Реал Мадрид, Њукасл, Евертон, Интер и други.

ПретходноЛШ: Барса и Наполи почнуваат од „нула“, Арсенал по првото 1/4 финале по 2010 година
СледноСрпски фудбалски талент повикан во репрезентацијата на Германија