Српски фудбалски талент повикан во репрезентацијата на Германија

708

Еден од големите таленти на Баерн Минхен, Александар Павловиќ (19 години) е повикан од страна на Јулијан Нагелсман да игра за сениорската репрезентација на Германија. Претходно Србите се надеваа на него, но тој ја одбра Германија.
Се работи за фудбалер кој е роден во Германија има потекло од Србија, а играл за сите младински селекции на Германија.
Павловиќ е на списокот на Нагелсман за претстојните пријателски натпревари против Франција и Холандија.
Покрај него новаци во тимот на Германија се уште Дениз Ундав, Максимилијан Мителштад и Валдемар Антон, сите од Штутгарт.

ПретходноСелта го отпушти Рафаел Бенитез
СледноСари поднел оставка, Клосе и Роки кандидати за клупата на Лацио