Скандал пред ЕП: Тројца фудбалери исфрлени од репрезентацијата на Австрија поради хомофобија

2421

Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник исфрлил тројца играчи од тимот за претстојните пријателски натпревари поради хомофобија.

Фудбалерите на Рапид Виена, Марко Граул, Гвидо Бургсталер и Никлас Хедл не се во списокот за пријателските натпревари против Словачка и Турција, откако беа снимени како скандираат хомофобични пораки по дербито со Австрија Виена.

„Ова е нешто што нема да го толерирам во тимот каде што сум селектор. Се што се залагаме со репрезентацијата е на другиот крај на вагата и тоа им го кажав на играчите по телефон“, изјави Рангник.

Дополнително, Рангник изјавил дека тројца нема да бидат во списокот ниту за учество на Европското првенство во јуни и јули во Германија.

ПретходноСелта веднаш постави нов тренер на местото на Бенитез
СледноУште еден фаворит во „аут“: И Циципас елиминиран во Индијан Велс