Уште еден фаворит во „аут“: И Циципас елиминиран во Индијан Велс

80

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го заврши настапот на АТП Мастерсот во Индијан Велс.

Гркот беше поразен со 2:0 од чешкиот тенисер Јиржи Лехецка. Чехот беше подобар од стартот и на крајот добрата игра успеа да ја круниса со победа.

Во текот на првиот сет тој ги искористи можностите во третиот и петтиот гем и стигна до два брејка, а потоа поведе со 6:2.

Во вториот, доволен му беше само еден брејк да го добие вториот сет со 6:4 и да се пласира во четвртфиналето.

Таму неговиот ривал ќе биде подобриот од дуелот Бен Шелтон – Јаник Синер.

ПретходноСкандал пред ЕП: Тројца фудбалери исфрлени од репрезентацијата на Австрија поради хомофобија
СледноИниеста: Голема желба ми е да станам тренер на Барселона