Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Договорот на Хезоњa со актуелниот европски шампион истекува на крајот од сезоната, а Реал не е подготвен да одговори на финансиските барања на хрватскиот репрезентативец.
Неодамна Панатинаикос на Хезоња му понуди шест милиони евра за три сезони, па во овој момент најреално е кошаркарското крило да се пресели во Атина.