Шок на Индијан Велс: Ѓоковиќ елиминиран од 123. тенисер во светот!

426

Ете, и на најдобрите ова може да им се случи. Просто неверојатна вест доаѓа од САД од Индијан Велс каде утринава во 1/16 финалето најдобриот тенисер во историјата доживеа да биде поразен од Лука Нарди, тенисер од Италија кој во моментов е 123. на АТП листата, просто неверојатно.

И дефинитивно на Новак никако не му “лежат“ Италијанците. Имено тој од Јаник Синер има три порази на последните четири дуели, а еве сега загуби и од Нарди и тоа со 2:1 во сетови, во меч кој траеше цели 2,22 часа.

Првиот сет го доби Нарди со 6:4 во гемови, врати Новак во вториот со 3:6 за да во третиот и решавачки Италијанецот беше подобар со 6:3.

Ова е за рубриката “Верувале или не“.

Ова е едно од најголемите изненадувања во светот на тенисот. Новак се мачеше, мораше да земе и таблети поради болки во желудникот, правеше и паузи, но сепак ништо не помогна.

Мораше да му честита на подобриот од себе на овој меч.

Инаку по мечот Србинот покрај другото изјави:

Дајте ми ден – два за да сфатам што сакам да работам“.

Ова е болен пораз за Новак неговите фанови, ова никогаш не му се случило, да биде поразен од “лаки лузер“ на еден турнир.

ПретходноРоналдо и Ал Наср во драматичен реванш елиминирани од ЛШ, тензично по мечот
СледноНикој ништо не им може: Јокиќ и Дончиќ едноставно “газат“ во НБА! Трипл-дабл на двајцата, рекорди…(ВИДЕО)