Во очекување на вечерашното реванш осминафинале во ЛШ меѓу Барселона и Наполи, се кренаа тензиите во италијанскиот тим. Причина овој пат е сопственикот на клубот, Аурелио де Лаурентис и неговите војни со италијанските медиуми.
Скандалозната сцена имаше денеска за време на тренингот на Наполи, кога Де Лаурентис нападна снимател на италијанската телевизија „Скај Спорт“.
Во моментот кога играчите на Наполи тренираа фудбалерот Матео Политано даваше изјава, а на теренот налутен истрча Де Лаурентис, кој го одвлече Политано, велејќи му дека нема дозвола да зборува за „Скај“.
De Laurentis dopo aver portato via Politano, torna indietro e si scaglia contro il cameraman 😂😂😂😂😂 pic.twitter.com/MO85a9IiTV
— Alex Buccino (@buccinoalex) March 11, 2024
Потоа влегол во расправија со дел од персоналот во близина на теренот и најверојатно со членовите на екипата на телевизијата, па сето тоа завршило со напад на Де Лаурентис врз камерманот, кој го оттурнал, а овој успеал да остане на нозе и спречи паѓање на камерата и веројатно голема финансиска штета.
Сигурно дека првиот човек на Наполи веќе направи голема штета на својот имиџ и имиџот на клубот.
Контроверзниот сопственик на клубот ги забрани и прес-конференциите, освен задолжителните во Лигата на шампионите, а во сила е и забрана за давање изјави за ДАЗН, кој ги пренесува сите натпревари во Серија А.