Еден од легендарниоте фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека има голема желба да биде тренер на Барселона. Иниеста кој долго време е надвор од европскиот континент, вели дека откако ќе добие тренерска лиценца ќе се обиде да дојде до клупата на Каталонците
„Идеално, да, но има уште долг пат да се оди. Се уште играм, немам ни тренерска лиценца. Ќе ја добијам, ќе ја добијам лиценцата и за спортски директор и потоа ќе видиме“, изјави поранешниот играч од средниот ред на „Блауграна“.