Лече му врачи отказ на тренерот поради инцидент со напаѓачот на Верона

57

Италијанскиот прволигаш Лече го отпушти Роберто Д’Аверса по инцидентот во неделата кога се обиде со глава да го удри напаѓачот на Верона, Томас Анри.
„По инцидентот на мечот Лече-Верона, клубот го отпушти Роберто Д’Аверса. Со него заминуваат и помошниците“, изјавија од клубот.
Верона го доби тој меч, а Лече е во опасност да испадне, па тренерот збесна во финишот и влезе во конфликт со Анри. Се обиде да го удри со глава, а судијата на двајцата им покажа црвени картони.
Д’Аверса своето однесување го објасни со зборовите дека бил провоциран од фудбалерот. Се очекува негова суспензија.
Леонардо Семпличи е најсериозен кандидат за клупата на Лече.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул го врати човекот кој ги договори Ван Дајк, Салах и Алисон
СледноНБА шампион ја заврши кариерата на 31 година