По подобро изведување на пенали, англиски Арсенал се пласираше меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. „Топчиите“ дури во пенал-рулетот успеаја да го скршат отпорот на Порто, кој не успеа да најде начин непоразен да замине од Лондон.
Во регуларниот дел и по 120 минути фудбал навивачите на „Емирати“ видоа само еден гол. Оној на Тросар во 41. минута со која Арсенал успеа да ја анулира негативата од првиот меч во Португалија, но не и да направи резултат за четвртфинале.
Во продолженијата од 2х15 минути не видовме гол за решение на дилемата кој од овие два тима ќе игра во следната рунда. Во дополнителните минути имаше отворен фудбал, но без вистинска шанса за гол. Францускиот судија означи крај и почна пенал-рулетот.
Во првата серија Одегард биеше прецизно за водство на Арсенал (1:0), но и Пепе беше успешен за Порто (1:1).
Втората серија тргна со прецизен удар на Каи Хаверц за 2:1 за „топчиите“. Левиот бек на Порто Вендел ја направи првата грешка. Погоди во дирекот.
Сака ја отвори третата серија со гол за 3:1 за Арсенал. Грујиќ успешен за Порто, намали на 3:2.
И Деклан Рајс не промашува. Силно по средината за 4:2. Одлучувачкиот момент дојде со одбраната на Раја на пеналот на Галено и конечна победа за лондончани за пат во четвртфиналето.