ПМФЛ: Ќе “врие“ на Маџари во сабота, нов дуел Вардар – Шкендија, само Работнички – Струга ТЛ се игра во недела!

1264

Претстојниот викенд се играат мечевите од 24.коло во ПМФЛ. Истите се закажани за во сабота, а се знае дека во преден план ќе биде дуелот меѓу Вардар и Шкендија. Повеќе од јасно е дека на “Борис Трајковски“ на Маџари ќе “врие“. Фановите на Вардар уште отсега се мобилизираат, се очекува на своите миленици да им ја дадат најголемата можна поддршка своите миленици против лутиот ривал, кој и на оваа средба влегува како фаворит.

Инаку останатите мечеви од 24. коло за во сабота се Силекс – Брера, Македонија ЃП – Тиквеш, Брегалница – Гостивар, Воска Спорт – Шкупи, додека мечот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје меѓу Работнички и Струга ТЛ се игра во недела.

Сите натпревари започнуваат во15 часот.

Второлигашкото 21.коло е закажано за во недела (17 март) со почеток од 15 часот.

ПретходноФЛЕКС КРЕДИТ ЛАНСИРА НОВ КРЕДИТЕН ПРОИЗВОД СО 0% КАМАТА НА 2 РАТИ!
СледноПотврда на класата: Начевски и Николов ќе судат мечеви од квалификациите за ОИ!