Само што почнаа продолженијата на мечот во Мадрид, веднаш инцидент. Во центарот на вниманието беа Турам и Савиќ.
Напаѓачот на Интер при еден прекин го фати дефанзивецот на Атлетико Мадрид за меѓуножјето, што камерата успеа да го сними, но за изненадување на многумина, ниту судијата, ниту одние од ВАР собата не реагираа. Турам на крајот не доби ниту жолт картон.
Напаѓачот на Интер му пријде на Савиќ, а двајцата се насмеаа и се чини набрзина ги решија несогласувањата.