ЛШ: Симеоне и „јорганџиите“ на пенали го елиминираа финалистот од минатата сезона (ВИДЕО)

322

Фудбалерите на Атлетико (М) се последните патници во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва по подобро изведување на пенали го елиминираа минатогодишниот финалист Интер. Во регуларниот дел Атлетико славеше со 2:1 со што ја надомести негативата од еден гол од првиот меч во Милано (0:1), па мечот отиде на продолженија, каде не видовме гол за одлука.

Интер поведе со голот на Димарко, по што Атлетико до полувреме израмни на 1:1. Победата и продолженијата за Шпанците ги донесе Мепај.

Во пенал-серијата, Чалханоглу и Депај погодија во првата серија, по што следуваа две промашувања во втората серија. Санчез не успеа да реализира за Интер, додека Саул промаши за Атлетико.

Во третата серија Интер повторно не реализираше. Шутот на Класен, Облак го одбрани. Рикелме погоди за Атлетико, по што следуваа погодоци на Ачерби и Кореја, за клучниот пенал да го има Лаутаро и да го промаши цел гол.

ПретходноНе се бираат средства: Турам го зграпчи Савиќ за меѓуножјето (ВИДЕО)
СледноЗаврши неверојатната серија на Лука Дончиќ (ВИДЕО)