“Марка“: Реал Мадрид наскоро ќе му понуди нов договор на Модриќ!

1325

Во последните неколку месеци наголемо се прикажува дека Лука Модриќ по една деценија и повеќе престој на “Сантијаго Бернабеу“, и тоа поради својата возраст, во јуни ќе мора да си оди Реал Мадрид.

Токму затоа се бројните понуди до Хрватот од сите страни на светот, а се шпекулираше дури и со враќање во Динамо Загреб.

Сепак најновите вести од Мадрид, поточно од “Марка“, велат дека во наредните денови и официјално “десетката“ на Реал ќе добие официјална понуда од “кралевите“ и тоа во траење од една година.

Секако дека таа понуда ќе биде со изразена со намалена плата, како и со најава дека Модриќ ќе мора да се задоволи да биде резерва.

По ова сега се очекува одлуката на Хрватот.

ПретходноФудбалерите на Наполи испуштија премија од 10 милиони евра!
СледноМато од Брера доби повик од селекцијата на Уганда! (ФОТО)