Ракометарите во „турбо“ ритам: Романија ќе даде одговор пред важните битки (ФОТО)

307

Македонската ракометна репрезентација, ЕХФ неделата ќе ја искористи за подготовка за она што следува во мај, бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година.

Селекторот Кирил Лазаров закажа два пријателски натпревари против Романија на гостински терен (15. и 16. март), а истите ќе бидат шанса за „тест“ на оние ракометари кои имаа помала минутажа на последното Европско првенство, но и за „тест“ на играчи кои се нови на списокот.

Предводникот на нашиот национален тим на располагање има 17 ракометари, на овој собир поради повреди ги нема Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриноски и Павле Атанасијевиќ.

Според планот нашите ракометари утре заминуваат за Романија, поточно градот Браила. Првиот натпревар е од затворен карактер, додека втората ќе биде отворена за јавноста.

 

ПретходноЕдна деценија без великанот Петар Милошевски!
СледноУ-15: Македонија поразена од Хрватска на првата контрола!