Рајан Гигс си купи клуб, па сега работи како спортски директор

5052

Некогашната ѕвезда и легенда на Манчестер Ј., Рајан Гигс повторно работи во фудбалот.

Според „Гардијан“, на крајот на февруари поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, почнал да работи како спортски директор во англиски Салфорд Сити, клуб кој се натпреварува во англиската Лига 2, или четвртолигашко натпреварување во системот на натпревари во Англија.

Ова е прва работа на Велшанецот од 2022 година, кога официјално се повлече од функцијата селектор на репрезентацијата на Велс поради обвинувањата за семејно насилство.

Салфорд е клуб каде Рајан Гигс се појавува и како еден од сопствениците на клубот.

ПретходноИ покрај „понижувачкиот“ третман, Русија нема да се откаже од Игрите во Париз
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Реми во Мадрид, Санчо за водство на Борусија (Д)