Наполи не успеа синоќа да дојде до резултат со кој ќе се пласираше во 1/4 финалето во ЛШ. Во реваншот од 1/8 финалето на “Монжуик“ беше поразен од Барселона со 3:1 и со ова актуелниот шампион на Италија доживеа елиминација во најквалитетно европско фудбалски натпреварување.
Уште поболно за играчите на Наполи е фактот дека тие со оваа елиминација испуштија премија од 10 милиони евра или по 500.000 евра по играч.
Имено газда Аурелио Де Лаурентис пред неколку дена им посочил дека ако ја елиминираа Барса ќе добијат 10 милиони евра кои ќе можат да ги поделат.
Ваквата голема премија е поради фактот дека со триумф над Барса клубот од под Везув ќе се пласираше на Светското клупско првенство со што ќе заработеше најмалку 50 милиони евра.