Алкараз доминантно до 1/4 финалето на Индијан Велс

194

Вториот најдобар тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Индијан Велс. Во осминафиналето Шпанецот го совлада Унгарецот Фабијан Марожан (АТП – 58.) со резултат 6:3, 6:3 во меч кој траеше 75 минути.

Младиот дваесетгодишен Шпанец на тој начин му се одмазди на Унгарецот за шокантниот пораз што го претрпе од него пред десет месеци на турнирот Мастерс 1000 во Рим.

Инаку на овој натпревар Алкараз беше целосно доминантен. По резултатот 2:3 во првиот сет, тој нанижа четири гејма и го освои првиот сет и никогаш не застана. Алкараз во четврток во четвртфиналето ќе игра против Германецот Александар Зверев.

Во четвртфиналето се пласираше Синер, кој ќе игра против Лехецка.

ПретходноЛШ: Пенал-рулетот го однесе Арсенал во четвртфиналето (ВИДЕО)
СледноСакраменто после осум години го урна Милвоки, рекордна вечер на Сабонис (ВИДЕО)