Тренерот на Порто, Серхио Консеисао, изјави дека е многу разочаран од однесувањето на Микел Артета за време на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу двата тима. „Змејовите“ загубија со 1:3 во Лондон и испаднаа од Лигата на шампиони.
„Артета дојде на нашата клупа и го навредуваше моето семејство на шпански. Му кажав дека човекот што го спомна веќе не е жив. Му препорачувам да се концентрира на тренинзите на својот тим, бидејќи има можности да игра многу подобро од денес.
Горд сум на мојот тим. Го надигравме Арсенал во двата натпревари. Во продолженијата имавме една или две шанси против екипа која генерално постигнува многу голови и е лидер во Премиер лигата“, изјави тренерот на Порто.