Шпанска Барселона ќе размисли за продажба на уругвајскиот репрезентативец Роналд Араухо на лето доколку тоа го бара економската ситуација на клубот.
Каталонците ќе треба да направат голем излезен трансфер за да ги ангажираат Витор Роке и Иниго Мартинез на лето.
Откако синоќа го победи Наполи во Лигата на шампионите, Араухо изјави дека неговата иднина зависи од клубот, а ESPN пренесува дека Барселона ќе се раздели со него доколку пристигне соодветна понуда за 25-годишниот дефанзивец.