Некогашниот српски кошаркар Дејан Бодирога доби нов мандат на чело на Евролигата како претседател, па така тој најмалку уште четири години ќе биде на чело на Евролигата. Познато е дека еден од најдобрите кошаркари во историјата на Европа, на чело на најквалитетно клупско кошаркарско натпреварување дојде пред две години и тоа место Џорди Бартомеу.
Во истиот овој период извршен директор на Евролигата ќе биде Паулиус Мотиејунас.