Димитријевиќ: Никој од Партизан не ме контактирал!

248

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и оваа сезона продолжи да блеска во дресот на Уникс Казан. Со игрите во ВТБ-лигата, но и последните два меча за Македонија ја докажа својата класа.

Нено во последно време се поврзува со Партизан. Но, нашиот кошаркар во интервју за српски „Моцарт“ откри дека до сега никој не го контактирал.

“Никој од Партизан не ме контактираше директно. Слушнав дека не се премногу заинтересирани за мене. Имаше некои други понуди, но не конкретни. Уникс првиот ден по сезоната буквално кажа дека сака да ме врати назад. Покажаа огромна желба. Како човек и играч морам да ја ценам финансиската понуда и спортската улога што ми ја даде клубот. Едноставно, играчот сака да чувствува дека е ценет, а јас во Уникс чувствувам дека сум ценет“, изјави Нено.

По ваквите зборови, не е чудно што момчето кое се стекна со кошаркарска афирмација во Шпанија, остана во Русија.

“Имам мир во Казан, убаво ми е. Искрено ме изненади. Не очекував дека ќе можам да уживам во градот со семејството. Тука е и тренерот Велимир Перасовиќ, кој покажа голема доверба во мене, ми даде слобода во играта. После јас и јас почувствував потреба да му се оддолжам нему и на клубот за се што направија за мене. Се трудам да му помогнам на тимот на секој натпревар, наша цел е да ја одбраниме титулата и мислам дека сме на вистинскиот пат, и јас лично мислам дека успевам во се што ќе замислам“.

Нено откри дека има опција и следната сезона да остане во Уникс, но сега е рано да го потврди тоа.

„Имам опција за следната сезона, но сето тоа е уште далеку. Ќе видиме на лето што ќе се случи. Велам, сега сум исклучиво фокусиран на одбрана на титулата во ВТБ лигата. Луѓето мислат дека тоа е послаба лига, но јас лично мислам дека е уште посилна од лани. Има многу квалитет. Некои тимови кои се можеби помалку познати се засилиле неверојатно, а тимови како ЦСКА, Локомотива и Зенит се на ниво на Евролигата. Секој натпревар е интересен , полн со квалитет и дефинитивно има што да се види“.

ПретходноЧави: Бевме незаслужено критикувани!
СледноВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фудбалер се урна на теренот, неговото срце застанало (ВИДЕО)