Кошаркарите на Пелистер, рутински си ја завршија работата во првиот меч од новото 20 коло во домашното првенство. На гостувањето против Вардар, “зелено-белите” очекувано славеа со 74:86.
Гостите не вложија премногу напор за победа, иако Вардар солидно парираше во текот на целиот натпревар. Без Костовски и со помала минутажа на дел од носителите на играта, Пелистер го приведе мечот во реална завршница, без големи турбуленции.
Маслинко беше најдобар на паркетот во “Кале”, завршувајќи го мечот со 23 поени. Добар меч имаa и Планиниќ и Магдески кои завршија со по 20 поени.
Кај екипата на Вардар се истакнаа Атанасов со 20, Хот со 15 и Кејс со 14 поени.