ПСЖ сака да му го украде Луис Диаз на Ливерпул

115

Пари Сен Жермен е заинтересиран за крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Диаз, објави весникот „Ел Паис“.

27-годишниот Колумбиец е еден од кандидатите да го замени Килијан Мбапе, кој најверојатно на лето ќе го напушти францускиот шампион и ќе се пресели во Реал Мадрид.

Диаз игра за Ливерпул од јануари 2022 година. Оваа сезона има 38 настапи за „црвените“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и 5 асистенции.

Интерес за Луис Диаз покажува и Барселона.

ПретходноНеверојатно: Уште непочната Данците ја „уништија“ Суперлигата!
СледноКрафт доминираше во Трондхајм и дојде на чекор до титулата во Светскиот куп