Ристовски би можел парично да биде казнет и суспендиран најмалку на шест натпревари?!

1587

Иако во преден план во Хрватска е утрешниот реванш од 1/8 финалето во ЛК меѓу ПАОК и Динамо Загреб, сепак во тамошните медиуми една од темите е и она што се случи викендов на средбата меѓу Динамо – Загреб и Славен Белупо (5:2). Имено се напоменува дека Стефан Ристовски и Дино Периќ, кои иако биле на клупата за резервни играчи на “модрите“, добиле жолти картони и тоа намерно. Ристовски му приговарал на судијата и добил жолт, тоа му е трет, и со тоа ќе го пропушти лесното гостување кај Рудеш во меч од ХНЛ.

Позначајно е тоа што македонскиот интернационалец се „очисти“ од картоните за тоа што допрва следува во битката за титулата, а неговото неграње со Рудеш и така не е проблем за “модрите“.

Се разбира дека никој не може да докаже дека Ристовски тоа намерно го направил, но сомнежите остануваат.

По се ова би можело Стефан Ристовски, ако се докаже дека тој добил намерно жолт картон, да биде парично казнет и суспендиран најмалку на шест средби.

ПретходноЛШ: Ќе “гори“ во Мадрид и Дортмунд, вечерва ќе ги добиеме и последните патници во четвртфиналето!
СледноУ-21: Канатларовски го објави списокот за квалификациските мечеви со Гибралтар и Шведска!