Сакраменто после осум години го урна Милвоки, рекордна вечер на Сабонис (ВИДЕО)

72

Сакремнто конечно го скрши малерот, за прв пат по осум години го победи Милвоки. „Кралевите“ од почетокот на 2016 година чекаат триумф. Црната серија траеше 15 натпревари и тоа беше најдолгата серија без победа на тим во лигата.

Победата не беше под знак прашалник, водеа од почетокот до крајот, од средината на втората четвртина со двоцифрена разлика, а во последниот период се замина на +30.

Фокс постигна 29 поени, Сабонис влезе во историјата со 22 и 11 скока, тој го запиша 47. последователен дабл-дабл, го собори рекордот на франшизата, 55-годишниот Џери Лукас. Кај Милвоки, Јанис Адетокумбо имаше 30 поени и 13 скока.

Резултати:

Њујорк – Филаделфија 106:79
Мемфис – Вашингтон 109:91
Оклахома – Индијана 111:121
Сан Антонио – Хјустон 101:103
Јута – Бостон 107:123
ЛА Клиперс – Минесота 100:118
Сакраменто – Милвоки 129:94

ПретходноАлкараз доминантно до 1/4 финалето на Индијан Велс
Следно„Артета го навредуваше моето семејство, човекот што го спомна повеќе не е жив“