Вториот најдобар тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Индијан Велс. Во осминафиналето Шпанецот го совлада Унгарецот Фабијан Марожан (АТП – 58.) со резултат 6:3, 6:3 во меч кој траеше 75 минути.
Младиот дваесетгодишен Шпанец на тој начин му се одмазди на Унгарецот за шокантниот пораз што го претрпе од него пред десет месеци на турнирот Мастерс 1000 во Рим.
Инаку на овој натпревар Алкараз беше целосно доминантен. По резултатот 2:3 во првиот сет, тој нанижа четири гејма и го освои првиот сет и никогаш не застана. Алкараз во четврток во четвртфиналето ќе игра против Германецот Александар Зверев.
Во четвртфиналето се пласираше Синер, кој ќе игра против Лехецка.