Фудбалерите на Борусија (Д) со победа од 2:0 против ПСВ на домашен терен успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите. По нерешените 1:1 на првиот меч во Ајндховен, „жолто-црните“ успеаја уште во 3. минута на мечот во Дортмунд да дојдат до предност, која на крајот се покажа клучна во битката за следната рунда.
Санчо го отвори резултатот со брз погодок, а во текот на останатиот дел од мечот и двата тима имаа свои шанси, но до втор гол се чекаше до 96. минута. Марко Ројс ја запечати судбината на гостите во последните секунди и донесе уште едно четвртфинале за Германците.
Дуелот во Мадрид оди на продолженија, откако Атлетико (М) успеа со 2:1 да ги добие 90. минути на „Ванда Метрополитано“. Гризман и Депај погодија за „јорганџиите“, откако Интер прв поведе со голот на Димарко. Интер славеше на првиот меч со 1:0 што беше доволно за продолженија.