Тренерот на Барселона, Чави Хернандез беше пресреќен поради победата на тимот над Наполи и пласманот во 1/4-финалето од Лигата на шампионите. Каталонците славеа со 3:1 и во следната рунда одат со вкупен резултат 4:2.
„Навистина сум задоволен. Одигравме одлично и доминиравме речиси во текот на целиот натпревар. Фудбалерите дадоа максимум од себе. Горд сум на нив“, изјави Чави, а потоа продолжи:
„Моравме да направиме чекор напред и успеавме, сега сме во четврт-финалето на Лигата на шампионите по пауза од 4 години. Сега мора да уживаме во она што го постигнавме. Добивме многу незаслужени критики, но се виде дека сме подготвени да се натпреваруваме во Европа.
Игравме добро и со и без топка. Не му дозволивме на противникот да направи брзи транзиции. Мислам дека на навивачите им се допадна тоа што го видоа“, изјави Чави Хернандез.