Фудбалската федерација на Белгија и селекторот на репрезентацијата Доменико Тедеско го продолжија договорот до летото 2026 година. Претходниот договор на германско-италијанскиот стручњак истекуваше по ЕП 2024 година, па двете страни се договорија да го продолжат до завршувањето на СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Белгија со Тедеско заврши прва во групата Ф во квалификациите за ЕП 2024 без пораз.
Во претстојниот период Белгија ќе одигра два пријателски натпревари, првиот против Ирска и потоа против Англија.
Тедеско ќе го нема на располагање Кевин Де Брујне кој се повреди, а на списокот се двајца дебитанти, голманот Томас Камински кој настапува за Лутон и дефанзивецот Јорне Спилерс од Клуб Бриж.
The first list of 2024. 📰 pic.twitter.com/xQRZQbmtw5
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) March 14, 2024