Дуелите со Хрватска ќе бидат од затворен карактер, едниот меч против Романија ќе го има на TV Pro Arena

196

Машките ракометни репрезентации во следните денови ќе одиграат контролни мечеви во рамките на ЕХФ неделата. Младинците во Автокоманда ја пречекуваат Хрватска, кадетите играат против Црна Гора на гости, додека сениорите ќе се тестираат против Романија, исто на гости.

РФМ излезе со соопштение во кое инфомираше околу отвореноста на мечевите за јавноста, посебно за дуелите во Скопје. По договор на селекторите на Македонија и Хрватска, младинците ќе играат пред затворени врати.

„На барање на селекторите и стручните штабови на македонската и хрватската младинска ракометна репрезентација, Ве известуваме дека двата подготвителни пријателски натпревари кои ќе бидат одиграни во Скопје во СС Автокоманда на 15-ти и 16-ти Март 2024, ќе бидат од затворен карактер, односно тренинг-натпревари без присуство на публика.

Кадетската машка ракометна репрезентација на 14-ти Март 2024 во раните утрински часови заминa за Црна Гора каде ќе ги одигра пријателските натпревари со кадетската репрезентација на Црна Гора, закажани за 14-ти и 15-ти Март 2024 во Подгорица.
Дополнително сениорската машка ракометна репрезентација денеска наутро заминa за Романија, а претстојните подготвителни натпревари со репрезентацијата на Романија ќе бидат одиграни на 15-ти и 16-ти Март во Браила.

Првиот тренинг-натпревар ќе биде организиран без присуство на публика со почеток во 18.00 часот, додека вториот натпревар на 16-ти Март ќе започне во 17.30 часот со пренос на TV Pro Arena“, се вели во соопштението на РФМ. 

ПретходноЈан Облак е скромен: Имав среќа!
СледноСрамен гест на Гризман кон фудбалерот на Интер (ВИДЕО)