Реал (М) нема да му дозволи на Килијан Мбапе да игра на Олимписките Игри во Париз.
Според тиражниот „Л’Екип“, „кралскиот клуб“ испратил писмо до Француската фудбалска федерација во кое се вели дека на ниту еден од играчите нема да му биде дозволено да учествува на Олимписките игри, кои ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август.
Според тоа, Мбапе кој треба да се пресели во Реал ова лето нема да може да игра на Олимпијадата, иако најавуваше дека тоа му е голем сон.