Срамен гест на Гризман кон фудбалерот на Интер (ВИДЕО)

1560

Антоан Гризман беше снимен за време на пенал рулетот како бурно го навредува Алексис Санчез, кој промаши пенал. Камерите ја уловија вулгарната гестикулација на играчот на Атлетико Мадрид додека на соиграчите кои стоеја до него им вели: „Чилеанецот е го*но, се по*ра“.

Чилеанскиот напаѓач влезе во игра во продолженијата, Симоне Инзаги се надеваше дека со својата свежина ќе биде сигурен од белата точка, но згреши.

Во пенал рулетот, Јан Облак беше одличен со два одбранети пенали, а на патот му се најде и Лаутаро Мартинез кој шутираше високо над голот.

Реакциите за Гризман на социјалните мрежи беа жестоки, а многумина веднаш се потсетија на неговиот пенал од 2016 година во финалето на Лигата на шампионите.

Французинот тогаш беше тој што шутираше над голот на Реал и со тоа на некој начин е еден од виновниците зошто се уште ја чека титулата европски првак.

ПретходноДуелите со Хрватска ќе бидат од затворен карактер, едниот меч против Романија ќе го има на TV Pro Arena
СледноМагија за 1/4 финале на Меси и Суарез (ВИДЕО)