Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак имаше важна улога во успехот на неговата екипа во пенал рулетот против Интер во осминафиналето на Лигата на шампионите. Покрај тоа што беше стабилен во текот на целиот меч, Словенецот одбрани два пенали на противникот на крајот. Призна дека и тој имал среќа.
„Отсекогаш сум велел дека и во пеналите треба да имаш среќа затоа што треба да го избереш вистинскиот агол. Треба да ја расчистиш топката, но ако противникот шутира совршено, не можеш ништо. Најважно е што победивме и сме во 1/4-финалето.
Атмосферата беше фантастична, како и секогаш дома. Навивачите, стадионот никогаш не нè изневериле. Можеме да потфрлиме, но тие не. И денес тие имаа важна улога и многу ни помогнаа”, изјави чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид.